Почетна / Живот / Видео | Ова е дадилката што тепаше дете денеска во Аеродром

Видео | Ова е дадилката што тепаше дете денеска во Аеродром

Застрашувачка снимка ја потресе денеска македонската јавност. Ужасна дадилка тепа две годишно детенце во игротеката во ресторанот “Дежа Ву” во скопски Аеродром. Со сила го влече, го седнува во скут, му ја затвора устата, му удира шлаканици, па пак го малтретира под тобоганот… За голема среќа, службата на ресторанот ја забележале страшната глетка на безбедносните камери, а потоа истата е пријавена од страна на сопственикот на игротеката и ресторанот.

Жената доби 30 дневен притвор за злоделото што го стори. Дадилката-монструм ги згрози македонските граѓани кои го погледнаа видеото, објавено на социјалните медиуми. Се работи за 59 годишна жена, која чувала три деца од скопско семејство. Во продолжение погледнете го вознемирувачкото видео :

Се испостави дека станува збор за негувателка која ги чува трите деца за 500 евра месечно. Мајката била на работа, а таткото во странство. Мило ми е што експресно се заврши случајот“, вели Василевски, сопственикот на “Дежа Ву”

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Воден свет ќе се гради во Зоолошката градина во Скопје

 Воден свет, или просторија со големи аквариуми за риби и други водни животни, ќе се …

error: Содржината е заштитена!