Почетна / Живот / Aкција на глуви и наглуви ученици за проблем на „Партенија Зографски”

Aкција на глуви и наглуви ученици за проблем на „Партенија Зографски”

Средното училиште ДУЦОР „Партенија Зографски“ се наоѓа помеѓу фреквентната улица Благоја Стефковски и булеварот Александар Македонски, кој продолжува кон автопатот А-75 и ги спојува двата дела од градот Скопје.

Учениците во ова и другите околни училишта често не можат безбедно да ја поминат улицата и нивната безбедност е загрозена, за што сведочат и минати сообраќајни незгоди. Проблемот е поради недоволната сообраќајна сигнализација на булеварот и на улицата. На двата пешачки премини околу училиштето нема доволно сигнализација (знак, семафор, , лежечки полицаец) ниту пак надвозен премин. Никаде не е означено дека во близина се наоѓа училиште каде што учат ученици со оштетен слух и говор, кои не можат да ги чујат сирените на возилата.

Овие ученици се обраќаат со барање до институциите, да се подобри сигнализацијата на булеварот и улицата за  да се зголеми свесноста на возачите за учениците кои учат во близина  и да се обезбедат безбедни премини, за  движење на учениците без загрозување на нивните животи и сообраќајот.

Ова видео со сведоштва и пораки е изработено од самите ученици. Испратено  и барање до Град Скопје за итно решавање на овој проблем кој е од исклучителна важност за глувите и наглувите ученици од ДУЦОР „Партенија Зографски“.

ЛИНК ЗА ВИДЕОТО

Во последните пет години на овие улици имало повеќе незгоди, на улицата Благоја Стефковски имало 113 незгоди со телесни повреди, 9 со тешки телесни повреди и 1 лице кое трагично го загубило животот. На булеварот Александар Македонски пак, имало 240 незгоди со телесни повреди, 26 со тешки телесни повреди и 6 лица трагично го загубиле животот.Иако овие податоци се однесуваат на целиот потег на улиците, не само околу училиштето, сепак го покажуваат ризикот за учениците во сообраќајот.Видеото е изработено во рамки на младинска акција на членовите на Клубот за демократско учество при ДУЦОР „Партенија Зографски“ спроведуван од страна на Младински образовен форум, со поддршка од Фондацијата за демократија на Вестминстер и Британската влада.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јубилејни 50 години Театар „Чекори“ со премиера на „Крај на играта“

По повод 50 години од основањето на Театар „Чекори” и 80 годишнината од раѓањето на …

error: Содржината е заштитена!