Почетна / Сапуници / Нова српска серија „Игра на судбината“ во 21 часот на Алфа
Нова српска маратонска сапуница од продукцијата на "Вистини и лаги"

Нова српска серија „Игра на судбината“ во 21 часот на Алфа

Oд сега српската серија “Вистини и лаги” ќе се емитува на Алфа од понеделник до петок во 23.30 часот, а во 21 часот започнува новата српска сапуница “Играта на судбината”.

Се работи за адаптација на колумбиската теленовела “Nuevo Rico Nuevo Pobre”, a поради големиот успех во соседна Србија, досега се снимени над 400 продолженија.

Во продолжение, Ве запознаваме со содржината на новата серија на Алфа.

Ада Каначки, богата и софистицирана дама од високото општество, по триесет години открива дека нејзиниот син бил заменет при породувањето. Еден син родила, но друг го пораснала.

За да спаси еден од нивните животи – таа е принудена да донесе застрашувачка одлука што ги менува не само нивните животи, туку и животите на сите оние околу нив.


Од тој момент, светот на богатите и светот на сиромашните се судираат и се појавува стампедо на различни настани и емоции. Неверојатни пресврти, нежни чувства, неочекувани љубовни приказни, омраза, гнев, љубомора, откривање на стари мистерии и откривање на долго чуваните тајни, се само дел од настаните во кои учествуваат сите ликови.

Алекса, кој порасна во изобилство и богатство, ќе доживее што значи да се биде безмилосен, додека Лука, кој порасна во сиромаштија, преку ноќ ќе го добие она за што отсекогаш сонувал – ќе стане богат, но ќе преземе и многу поголеми одговорности.

И двајцата ќе се соочат со нови животни предизвици. За Лука, тоа ќе биде водење на мултинационална компанија за да ги исполни очекувањата на неговата биолошка мајка, а Алекс ќе мора да се прилагоди на новиот живот без луксузот на кој е навикнат.


Новиот живот, исто така, ќе го направи Лука популарен преку ноќ, привлечен за жените, што ќе го промени и ќе предизвика љубовни турбуленции во неговата долгогодишна врска со Мила, додека Алекса ќе наиде на предавства во неговата најблиска околина, и мора да размисли за тоа кои се неговите вистински пријатели и како ги третира луѓето околу него.

Главни улоги: Milica Milša, Luka Raco, Stevan Piale, Vladan Savić, Olja Lević, Pavle Jerinić, Matea Milosavljević, Sandra Bugarski, Milica Tomašević и др.​

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Која е свекрвата од Сителовата драма за „Девојката од прозорецот” ?

Ова е Гулџихан, свекрвата на Девојката со која се дружиме од понеделник до петок навечер …

error: Содржината е заштитена!