Почетна / Серии / Адреналинска акција и во новите епизоди од „Чикаго ФД“ на Сител
По првите две сезони од "Designated survivor", во 00.30 часот на Сител ќе го следите американскиот процедурал за пожарникарите од Чикаго

Адреналинска акција и во новите епизоди од „Чикаго ФД“ на Сител

Продолжува адреналинската акција на опасните улици на Чикаго за уште поопасни игри на страв, неизвесност и драма.

Последните две епизоди од 4. сезона на “Чикаго ФД” ќе ги гледате во четврток (11. декември) и петок (12. декември), а веќе во понеделник после полноќ започнува премиерно петатта сезона на серијата.

Повторно во центарот на вниманието се вашите драги пожарникари и болничари кои работат во противпожарната служба во Чикаго. Кога смртта ќе им погледне во очи, за овие херои на “Чикаго ФД” (Chicago fire) ќе следува нова беспоштедна битка за живот и спас на невините жртви од пламените јазици.

По смртта на пожарникарот Ендрју, лојалноста на членовите на тимот беше поделена меѓу Метју и Кели, кои меѓусебно се обвинуваа за смртта на долгогодишниот пријател и колега.

Првичното ривалство и обвинувања на Метју и Кели мораа да се надминат кога е во прашање безбедноста на нивните колеги и целиот оддел, а покрај нив, во екипата ги запознавме и пожарникарите Питер Милс, Кристофер, Вејли, како и болничарките Лесли и Габи.

Сите тие, заедно, мораа и ќе мораат и понатака секојдневно да се соочуваат со непредвидливи ситуации, во кои целта е само една – да се спасат цивилите од неочекуваните несреќи и пожари. Под водство на шефот Волас Боден, овие храбри луѓе ја плаќаат цената на ризикот, затоа што хуманоста за нив е пред сѐ друго.

Улоги : Jesse Spencer, Taylor Kinney, Monica Raymund, Lauren German, Charlie Barnett, David Eigenberg, Teri Reeves и др.​

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Магнум“, акциона серија на Сител за приватниот детектив од Хаваите

Трендот на преработки на популарни серии како култните Charmed, Dinasty, Beverly Hills 90210, Melrose place, …

error: Содржината е заштитена!