Почетна / Телевизија / ААВМУ со осуда за заканите упатени кон новинарите на Клан

ААВМУ со осуда за заканите упатени кон новинарите на Клан

Во врска со заканите коишто вчера беа упатени кон новинарската екипа на ТВ Клан во кумановско, Агенцијата за аудио и аудиовиозуелни медиумски услуги ги осудува и потсетува дека ваквите појави претставуваат загрозување на слободата на информирање.

Агенцијата во повеќе наврати досега реагираше дека безбедноста на медиумските работници во ниту еден момент не смее да биде загрозена. Токму затоа треба да се вложат максимални напори за да се креираат услови за медиумите професионално да си ја вршат работата, ослободени од закани и притисоци.

Имајќи предвид дека само слободните медиуми водат кон унапредување на демократските процеси, апелираме да се остават новинарите непречено и достоинствено да ја вршат нивната општествено одговорна професија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ССНМ: Заканите кон новинарите на социјалните мрежи мора да запрат

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници предупредува дека во деновите на општ траор во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!