Почетна / Телевизија / ААВМУ: Осуда за заканите упатени кон ТВ Канал 5

ААВМУ: Осуда за заканите упатени кон ТВ Канал 5

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ги осудува заканите упатени кон вработените во телевизија Канал 5 од страна на физичко лице на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Нападите и заканите кон новинари се неприфатливи и сите надлежни органи мора да ги преземат  потребните мерки за да се создаде опкружување во кое ќе постојат професионални, слободни и независни медиуми.

За да се овозможи демократски развој на државата, од суштинско значење е новинарите да бидат безбедни во секој момент и да им биде овозможено непречено да ја извршуваат својата работа, односно да можат навремено да ги информираат граѓаните за различни општествени случувања, без закани и заплашувања.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗНМ со пријава до ОЈО Скопје за заканите кон новинарот на Канал 5

По емисијата од средата (19 март) на “Само Вистина”, новинарот и уредник Александар Видиновски добил …

error: Содржината е заштитена!