Почетна / Забава / Прославете го 8-ми март вечерва со ДЈ-от Том Нови

Прославете го 8-ми март вечерва со ДЈ-от Том Нови

 

Среќен 8-ми март дами, вечерва уживајте во настапот на феноменалниот Том Нови, детали за влезниците кои ТВ Пакет ќе Ви ги подари во инбоксот на нашата Фејсбук страница!

 

Дали сте подготвени за уште една незаборавна журка во Експо Центар? Организаторот најавува дека овој 8-ми Март ќе биде сосема поразличен од останатите. Затоа, дојдете и уживајте во ДЈ сетот на предводникот на новиот бран на хаус сцената кој ќе Ви ја пренесе музичката енергија од светските метрополи.

Експо Центар со гордост Ви го најавува гостувањето на еден од највлијателните членови на германската хаус сцена – човекот чие име е врзано за хитовите „Superstar“, „Lovin U“,„Take It“,„Your Body“, директно од Минхен, единствениот, комплетно непредвилив и екстравагантен ДЈ, Том Нови на 8-ми Март, во Експо Центар.

 

 

Неговото име се врзува со голем број светски музички имиња како Роџер Санчез, Соник, Ениак и Том Морело кои соработувале со него и го трасирале неговиот пат кон ѕвездите. На наше огромно задоволство, Вашиот омилен урбан подиум е дел од неговата Европска и Американска турнеја која ќе опфати повеќе од 13 концерти низ целиот свет. Том Нови ветува одлична забава и многу музички изненадувања, специјално наменети за неговите македонски фанови.

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На овие места може да набавите влезници за концертот на Ерос

Резервирајте ги вашите омилени места во А1 Арената и спремете се за одлично италијанско шоу …