Почетна / МК Сцена / Кој сè ќе настапи на “Скопје Џез фестивал 2014”

Кој сè ќе настапи на “Скопје Џез фестивал 2014”

 

Од 16 до 19 октомври во Скопје ќе се одржува 33-тото издание на Скопскиот Џез фестивал. САД, Норвешка, Велика Британија, Шведска, Бразил, Јужна Кореја, Белгија, Австралија и Швајцарија се земјите од кои доаѓаат популарните џез музичари кои ќе настапат на фестивалот.

 

Во целост ви ја пренесуваме програмата за сите четири дена, заедно со местата и часот на одржување:

 

 

16 октомври

– Универзална сала, 20 часот – настапуваат корејската џез вокалистка Youn sun nah, шведскиот гитарист Ulf Vakenius и американската музичкарка Terry Lyne. Тери со својот квартет ќе го претстави актуелниот проект “Money Jungle: Provocative in Blue”, нејзиниот омаж на исконскиот албум “Money Jungle” на легендарното трио на Дјук Елингтон, Чарлс Мингус и Макс Роач од 1963 година.

– Скопје Сити мол, по полноќ ќе настапи саксофонистот Мачиеј Обара – „ Мачиеј Обара интернејшнл“.

 

17 октомври

– Универзална сала, 20 часот – ќе натсапат 24 члениот бенд „Fire! Orchestra“, 24-члениот биг-бенд, под диригентската палка на Матс Густавсон, како и швајцарскиот пијанист и композитор Ник Барч, придружуван од составот „Ronin Rhythm Clan“.

– Скопје Сити Мол, по полноќ – белгиското трио „Данс Данс“

 

 

18 октомври

– Универзална сала, 20 часот –  пијанистот Метју Шип и славната бразилска пијанистка и пејачка Елиане Елиас, која на скопската публика ќе и го понуди својот препознатлив репертоар кој ги обединува нејзините бразилски корени и заводливиот вокал со импресивните инструментални џез и класични композиторски вештини. 

– Скопје Сити Мол, по полноќ – настапуваат култните британските  „Ред Данпер“  кои ќе го претстават својот најнов проект “Hyena”, албум кој ја носи свежината на актуелниот афро-фан ривајвл.

 

19 октомври

– Кино Фросина, 13 часот – познатото дуо од 90-тите, Нед Ротенберг и вокалистката Саинко Намчила

– Македонска Опера и балет, 20 часот – настапот на трубачот, мулти-инструменталист, композитор и импровизатор Вадада Лио Смит во тандем со њујоршкиот саунд дизајнер Hardedge, а во вториот дел на вечерта е најавен перформансот на австралиско трио „Д Некс“.

Комплет влезници за сите концерти чинат по 2.600 денари, и може да се купат во Југотон, на билетарата на Универзална и преку онлајн сервисот МК Тикетс.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јане Славов со преработка на најголемите румба хитови на Џипси Кингс

Еден од најхаризматичните млади вокали на нашата сцена, Јане Славов, заедно со енергичните музичари од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!