Почетна / Живот / Споменик во Полска посветен на децата бегалци од Егејска Македонија

Споменик во Полска посветен на децата бегалци од Егејска Македонија

Во градот Полице беше откриен првиот споменик во Полска посветен на децата бегалци од Егејска Македонија кои не се вратија дома, туку животот го поминаа во Полска и таму починаа. Неговата реализација ја поддржа Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија. Тој е еден од трите споменици предвидени да бидат поставени во полските градови кои ги згрижиле децата бегалци од Егејска Македонија.

Споменикот го открија градоначалникот на Полице, г-дин Кристијан Ковалевски, и амбасадорот на Македонија во Полска, г-дин Јасмин Ќамил.
Во своите обраќања, амбасадорот Ќамил, градоначалникот Ковалевски и Петро Алексовски изразија голема благодарност до ФХЕМ, нагласувајќи дека без неговата поддршка проектот немало да се реализира во толку краток период.
„Судбината на децата бегалци од Егејска Македонија, откорнати од своите огништа, природно се преплетува со историската меморија на еврејскиот народ и на сите оние кои го преживеале прогонот и загубата на домот. Затоа беше природно да помогнеме“, истакна директорот на ФХЕМ г-дин Горан Садикаријо.

На средбата со Садикаријо беше најавено и отворање музеј во Полице, при што беше предложено една просторија да биде посветена на историјата и судбината на македонските Евреи.
Поддршката на овој споменик е израз на посветеноста на ФХЕМ кон зачувувањето на сеќавањето, солидарноста и почитта кон човечките судбини обележани со прогон и раселување.
Споменикот е авторско дело на Петро Алексовски.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фондација Метаморфозис: Собранието второ по отвореност во регионот

Македонското Собрание оствари 76,49% исполнетост на индикаторите за отвореност, со што го задржа второто место …

error: Содржината е заштитена!