Од понеделник, 5 октомври во стандардниот термин – 17 часот, започнува новата сезона од омилената кулинарска забава.

“Брза Кујна” и по 12 години присуство на ТВ екраните останува најгледана телевизиска содржина во тој термин. Вашите миленици шеф Никола, шеф Боби и Сања, ве очекуваат со нови рецепти, многу забава, смеа и, секако, вистинска брза кујна!

За учество во ТВ емисијата на Сител, испратете порака со ваши податоци на официјалната ФБ страна на емисијата.

“Брза Кујна” е македонска верзија на кулинарското гејм шоу “Ready steady cook” на BBC, кое се емитува во светот од 1994 година. Многу земји направија свои верзии како Грција, Финска, Германија, Италија, САД, Австралија, Полска, а во Македонија се емитува од 2015 година.

Гледајте лиценцирани светски формати, гледајте Брза кујна.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
