Почетна / Вебновела / Црвена месечина 118

Црвена месечина 118

Сто и осумнаесетто продолжение од вебновелата “Црвена месечина”

 

 

Користејки ја приликата на интимна вечера со неговата ќерка, Лусија ја пребара работната соба на Артемио, каде што го најде неговиот тестамент.
– Лажго!, – процеди низ заби, држејки ја хартијата в рака. – Половина од се и остава на неа, а другата половина…- Лусија широко ги отвори очите кога го прочита другото име. – Како е можно?!

Следното утро, додека Висента го подготвуваше појадокот во својата кујна, влезе Матилде, со спуштена глава како да се срамеше да ја погледне својата мајка по синоќешната расправа.
– Кога стана?
– Пред малку, – одговори Матилде, посегнувајки по сокот од портокал. – Сношти вечерав со мојот татко.
– Без да ми кажеш?
– Прости.
– Матилде, понекогаш мислам дека тој човек може да те купи со своите пари и да направи да заборавиш на љубовта која ти ја давав сите изминати години.
– Мамо, те молам престани да зборуваш така.
– Тоа е вистината со која се соочувам.
– Грешиш, мамо. Те молам, разбери ме. Одеднаш дознавам дека имам татко, кој патем не е мртов како што мислев. Се работи за човек кој е љубезен со мене, осамен човек на кој сум му потребна. Човек кој вели дека е среќен што ме нашол. Што сакаш да направам? Да го одбијам? Зошто?
– Бидејки е лажго! Не е вистина дека ја сакал мајка ти како што не е вистина дека ја барал како што вели. Ева умре по негова вина, – низ горчливи солзи додаде Висента. – Би сакала да бидам богата како него за да можам да те тргнам од патот по кој тој те води.
– Не се работи за неговите пари, мамо. Тој ми е татко. Разбери.
– Прости ми, но не можам.

По појадокот на хациендата, Марија Клара пиеше кафе со Дијана на тремот, каде што го сподели својот план.
– Размислував цела ноќ и дојдов до заклучок дека е најпаметно ако Алехандро и јас побегнеме далеку. Некаде каде што никој не не познава, некаде каде што ќе можеме да бидеме среќни.
– Алехандро знае ли за ова?
– Не, – одговори младата жена.
– Прости ми, Марија Клара но мислам дека не постои шанса која ќе го натера Алехандро да ја напушти хациендата.
– Но, не сакам моето дете да се роди како дете на Фабијан.
– Колку и да е голема твјата љубов кон Алехандро, немаш право да го лишуваш Фабијан од своето дете, од својата крв. Зарем сакаш да ја направиш истата грешка која ја направила мајка ти?

Алехандро и Марија Клара шетаа низ шумата, на патот кој водеше до колибата, кога ја извести дека следниот ден ќе замине од хациендата.
– Те молам не ме оставај, не сега, – го преколнуваше таа.
– Само на една недела, ти ветувам дека ќе се вратам.
– Една недела е предолго.
– Ни јас не сакам да те оставам, но неопходно е. Морам да зборувам со мојот менаџер, со студиото за кое снимам…
– Тогаш земи ме со тебе.
– Мислиш дека не би сакал? Но, ризично е да леташ во твојата состојба.
– Се плашам дека нема да се вратиш…
– Кога не сум се вратил?, – ја праша земајки ја во прегратка.
– Ќе ми недостасуваш…
– И ти ќе ми недостасуваш, љубов моја, – додаде тој и нежно и ги побара усните.

Дијана ја убедуваше Клеменсија дека најразумно е со терапија да и помогне на Марија Клара да се сети на непријатната случка од нејзиното детство, но старицата одбиваше.
– Знам дека ви е тешко, Клеменсија. Инсистирам на тоа дека најдобро е Марија Клара да се сети на случувањето за да можам да и помогнам да ја надмине траумата.
– Но, сега е бремена и тоа може да му наштети на пдлодот. Не, Дијана. Да не беше несреќникот Фабијан, мојата внука немаше никогаш да се посомнева.
– Тоа не би било здраво за Марија Клара.

Кога Лусија ја посети Естер во нејзинот дом, ја начека пијана, легната на креветот со полупразно шише вино крај себе.
– Како си, Естер? Доаѓам бидејки Артемио инсистира до утре да ја испразниш твојата канцеларија.
– Сакаш вино?
– Не.
– И ти би требало да го оставиш Артемио, – ја посоветува Естер.
– Зошто мислиш така?
– Бидејки порано или подоцна и тебе ќе те замеша во проблем од кој нема да можеш да најдеш излез. И знаеш што? Ќе завршиш во затвор. Дали некогаш си убила некого?, – ја праша полнејки ја одново стаклената чаша.
– Не, – кратко одговори Лусија на нејзиното прашање.
– Никогаш немој да го направиш тоа. Тоа е страшно.

Алехандро гледаше во фотографијата од своите родители. Беше црно бела фотографија со приказ на среќна фамилија, маж, жена и дете сликани пред бескрајно поле.
– Мојата одмазда е пред самиот крај, татко. Ти се заколнав дека ќе те одмаздам и го правам тоа најдобро што можам.
Во собата нагло влезе Марија Клара и Алехандро немаше време да ја сокрие фотографијата.
– Кој се овие луѓе, љубов моја?, – го праша.
– Моите тетка и тетин, – ја излажа.
– Ова си ти?
– Да.
– Колку мило дете си бил…
– Што ти треба, Марија Клара?, – ја праша грубо, враќајки ја фотографијата помеѓу листовите хартија.
– Дојдов да инсистирам да подјам со тебе.
– Ти кажав дека тоа не е добра идеја, Марија Клара и те молам престани да инсистираш.
– Тогаш, дозволи ми да ја поминам ноќта со тебе. Не можам да заспијам знаејки дека изутрина заминуваш, – додаде низ солзи.
– Мислиш дека мене не ми е тешко? Секој пат кога те гледам, умирам да бидеш моја. Знаеш колку ми е тешко да ти одолеам затоа не ми отежнувај.
– Потребен си ми.
– И ти си ми потребна, љубов моја, но веќе ти објаснив.
– Одбиам да прифатам дека не можам да бидам со тебе.

Истовремено, Фабијан ја бараше својата сопруга низ куќата. Ја немаше ни во нејзината соба, ниту во спалната соба…Остана само едно место каде што можеше да биде. Ја отвори вратата од собата на Алехандро и ги затекна во прегратка на креветот. Од очите му кипеше бес.
– Ова е непростливо! , – процеди низ заби и ја напушти собата. Се упати кон спалната на Клеменсија, гласно довикувајки ја.
– Госпоѓице Клеменсија!
– Што е, Фабијан? Каква е оваа врева?, – праша старицата, врзувајки го пењоарот на себе.
– Ја најдов вашата внука во собата на оној …
– Ти се колнам дека не правевме ништо тетко, – рече Марија Клара во своја одбрана кога со Алехандро излегоа од собата.
– Марија Клара е во право, госпоѓице, – додаде Алехандро.
– Само зборувавме…
– Во кревет, – се надоврза Фабијан.
– Фабијан е во право, – го подржа старицата. – Тоа што го правите вие двајца е срамно.
– Смачено ми е од тебе, – извика Марија Клара гледајки во Фабијан. – Сакам да се разведам, – додаде низ солзи и истрча кон својата соба.
– И што ќе кажете во самоодбрана, господине Молина? ,- го праша Клеменсија.
– Што имам да додадам? Смачено ми е од оваа фарса! Смачено ми е од вас двајца. Вашиот лажен морал ги премина сите граници.
– Нема да ти дозволам, – се замеша Фабијан, но Алехадро го зграпчи за јаката и внесувајки го сиот свој бес, додаде:
– Ти замолчи! Затвори ја устата или ќе се покаеш. Нема да ти дозволам да продолжиш да и го уништуваш животот на Марија Клара.
– Ти си тој што и го уништува, – рече Клеменсија. – да имаше малку достоинство ќе заминеше засекогаш.
Алехандро погледна презирно во старицата и се врати назад во својата соба.
– Ова ги надмина сите граници, – рече Фабијан кога останаа насамо со Клеменсија.
– Ни збор повеќе, Фабијан. Ни ти не си цвеќе за мирисање. Тргни ми се од патот.
– Сакам да разговараме, госпоѓице Клеменсија. Насамо.

Кога се затворија во собата на старицата, таа седна на фотељата чекајки што има да каже Фабијан.
– Сте се запрашале ли што кога Марија Клара ќе се омажи за тој човек? Никогаш повеќе нема да ја видите вашата внука бидејки тој човек не ве поднесува. Ова беше доказ.
– Зарем ти се сметаш за подобар од него? Ти, човекот кој и кажа што доживеала како дете?! Ти, кој…
– Кој што? Изјаснете се, Клеменсија. Сакавте да кажете дека јас сум виновен за смртта на Фернанда и Фрагосо?! Во ред, ако мислите така. Што се однесува до Марија Клара, признавам дека претерав, бев бесен и ми се испушти тоа што го реков. Тоа беше начин на одбрана.
– Одбрана? Со тоа што можеше да и го загорчиш животот на кутрата девојка?!
– Се каам за тоа што го реков. Но, ако направиме договор, можам да се заколнам дека никогаш нема да и кажам ништо. Зарем мислите дека тој човек ќе ја усреќи? И зарем не помислувате на детето, Клеменсија? Алехандро секогаш ќе го презира тоа дете бидејки јас сум татко. Кутрото дете ќе страда со тој човек. И кога Марија Клара ќе сфати дека Алехандро го презира тоа дете ќе започнат проблемите. Што се однесува до нашите интимни проблеми, можам да апстинирам.
– Имајки афери со други жени?, – отворено го праша Клеменсија.
– Ние мажите имаме физички потреби, госпоѓице Клеменсија. Се колнам во името на мојот покоен татко дека не ја убив вашата друга внука, Фернанда. Човекот кој ја уби е Артемио Сантибањез!
Клеменсија изрипа од фотељата при ваквото сознание. Во очите и гореше бес, и мислеше дека срцето ќе ја предаде. И требаше сила да го издржи моментот.

Продолжува…

 

 

 

LucasScott | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …