Серијата „Женски рај“, чија трета сезона во моментов се емитува на Телма, од четврток (1 октомври) повторно ќе добие ново стар термин. Премиерните епизоди ќе се емитуваат во 13:45 часот, токму во терминот во кој и започна нејзиното прикажување.

Во меѓувреме, серијата смени неколку позиции во програмската шема, па се чини дека уредувачкиот тим на телевизијата сè уште не успева да ѝ најде постојан термин.

Но, тука не завршува приказната. Покрај премиерното емитување во 13:45 часот, секоја епизода ќе се репризира веќе следниот ден во 11:30 часот, додека дополнителни репризи на петте епизоди од работната недела се предвидени и во сабота и во недела, повторно во дневните термини.

Во услови кога Телма не нуди нови теленовели, а ниту нова премиерна серија за традиционалниот крими термин во 22:15 часот, очигледно најлесното решение е една иста содржина да се врти одново и одново низ програмската шема.

Наместо нова сезона да значи нова и побогата програма, гледачите добиваат нови термини за репризи.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
