Почетна / Спорт / МЗТ Скопје ја почнува новата сезона – со европски шмек во Аеродром

МЗТ Скопје ја почнува новата сезона – со европски шмек во Аеродром

Стартот е закажан веќе за в сабота (26 септември), кога сино-белите, како освојувачи на двојната круна, против Куманово на теренот на противникот ќе го бранат трофејот од Суперкупот, кој го освојуваат во изминатите пет години по ред. Потоа следуваат стартни пресметки на домашен терен на сите три фронта – против Слобода Ужице (30 септември), повторно против Куманово (2 октомври), овој пат во суперлигашки дуел, и против грчкиот Ираклис (6 октомври). Овие четири средби во само 11 дена го најавуваат пеколниот НБА-ритам со кој ќе се соочат кошаркарите на македонскиот шампион, кои само до крајот на годината ќе одиграат вкупно 26 средби, односно по еден натпревар на секои 80 часа.

„Ростерот со кој располагаме дефинитивно може да одговори на предизвиците што ќе ги имаме пред нас сезонава. Ритамот е пеколен, но имаме доволен број квалитетни кошаркари кои можат да одговорат на предизвиците. Во секој дуел ќе влеземе со желба за победа, без разлика за кое натпреварување станува збор. Некако настапите во АБА2 и обидот да се вратиме во регионалната елита можеби се наш приоритет, секако, со задржување на домашните трофеи, но тоа не значи дека нема да го оставиме и последниот атом енергија на пресметките во ФИБА Еврокупот. Почнуваме во Куманово, да играме со Куманово за Суперкупот. МЗТ е најдобар кога игра како гостин, а победите на гостувања се одлика на големите екипи“, изјави тренерот Васко Атанасов.
МЗТ Скопје во АБА2 е во група со Слобода Ужице, Сутјеска и Триглав Крањ, додека во ФИБА Еврокупот, освен против Ираклис, ќе ги одмери силите и со Џики Варшава, германскиот Вурцбург, АЕЛ Лимасол и естонскиот тим Тарту. МЗТ дополнува :

– Формирањето квалитетен тим, кој ќе се обиде да ја врати „старата слава во Аеродром“ на европската сцена, како и да нападне влез во АБА-лигата и одбрана на домашните трофеи, немаше да биде можно без помошта на нашите партнери. Без поддршката од нашиот сопственик, Општина Аеродром, како и од моќните компании што ја препознаа нашата визија, како МТЕЛ, Адмирал, КАМ, Алта банка, Протеини.си, Аџибадем Систина и Авант кар, но и од Град Скопје, сето ова не би било можно, поради што сме им бескрајно благодарни.
Сето ова, секако, ќе биде мотив плус за нашите навивачи, симпатизери, но и за сите други вљубеници во кошарката во следните месеци да дојдат во салата „Јане Сандански“, да уживаат во квалитетни натпревари и да навиваат за нашите момци. Само така ќе можеме да стигнеме до целта.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанија е нов светски шампион во фудбал, откако ја победи Аргентина

Шпанија е нов светски шампион во фудбал, откако во големото финале на Мундијалот во Њу …

error: Содржината е заштитена!