Почетна / Сапуници / Актерката од „Очи како Црно море“ повторно во врска со свој колега

Актерката од „Очи како Црно море“ повторно во врска со свој колега

Турската актерка Узге Јагиз, која публиката ја гледа како Ѓунеш во викенд серијата „Очи како Црно Море“ (Gözleri KaraDeniz), повторно е во центарот на вниманието поради својот љубовен живот.

Интересно е што неколку од нејзините најпознати љубовни приказни започнале токму со актери со кои играла партнерски улоги. На снимањето на „Yemin“ (Ветување) таа го запозна Гокберк Демирџи, со кого започнала врска која стана толку сериозна што двојката дури и се сврши. Сепак, нивната љубов заврши во 2022 година.

Неколку години подоцна историјата како да се повтори.

На снимањето на „Safir“ (Сафир), Узге се зближи со својот партнер Бурак Беркај Акѓул, а нивната екранска хемија премина во вистинска љубовна врска. Двојката беше заедно речиси две години, пред да се раздели во ноември 2025 година.

А сега, повторно колега од серија.

По раскинувањето со Бурак турските медиуми почнаа да ја поврзуваат Узѓе со Халит Узгур Сари, нејзиниот сегашен партнер во „Очи како Црно Море“.

Според таблоидните тврдења, двајцата наводно се зближиле за време на снимањето на серијата во црноморскиот регион.

Ниту еден од двајцата досега не потврдиле дека се во љубовна врска, па приказната за нив остана гласина, а не потврден факт. Изгледа дека за Узге Јагиз границата меѓу телевизиската романса и вистинскиот живот понекогаш знае да стане прилично тенка.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Турските телевизии ги најавија сериите за ТВ сезона 2026/2027

Новата ТВ сезона 2026–2027 во Турција носи богата програма на најголемите национални телевизии. Во новата …

error: Содржината е заштитена!