Почетна / Забава / Во Велес се одржа хуманитарниот концерт „Заедно за подобро утре“

Во Велес се одржа хуманитарниот концерт „Заедно за подобро утре“

На 22 август (сабота), во Спарта Ивент Центар во Велес, се одржа хуманитарниот концерт „Together for a Better Tomorrow – Заедно за подобро утре“, посветен на поддршка на лицата со церебрална парализа.
Со почеток во 20:00 часот, публиката имаше можност да ужива во настапот на Starboy & Friends, а истовремено и да стане дел од настан што ги обединува музиката, хуманоста и заедништвото.

Целта на концертот беше да се подигне јавната свест за секојдневните предизвици со кои се соочуваат лицата со церебрална парализа, но и преку заедничка поддршка се испрати силна порака дека секој човек заслужува еднакви можности, достоинство и подобра иднина.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Трибјут Фест 2“ со хитови на Linkin Park, Green Day и Nirvana во МКЦ

Љубителите на рок-музиката на 7 ноември ќе имаат можност да уживаат во второто издание на …

error: Содржината е заштитена!