Почетна / Телевизија / Џулијан Шабани e избран за заменик директор на МРТ

Џулијан Шабани e избран за заменик директор на МРТ

Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија ја известува јавноста дека успешно ја заврши постапката за избор на Заменик на директорот на Македонската радио-телевизија, спроведена согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и важечките подзаконски акти. За нов Заменик на директорот на МРТ е избран Џуљиан Шабани. Избраниот кандидат има високо образование од областа на администрација и менаџмент.

Во постапката учествуваа осум кандидати, чии програми за работа беа разгледани и оценувани по принцип на анонимност, односно под шифра, без увид во идентитетот на кандидатите. По завршувањето на оценувањето и обезбедувањето на потребното мнозинство гласови, беше утврден идентитетот на избраниот кандидат, по што беше извршена проверка на исполнувањето на законските услови и комплетноста на документацијата.

Програмскиот совет смета дека со ова е заокружен процесот на избор на раководството на Македонската радио-телевизија, спроведен врз основа на однапред утврдени критериуми, почитување на законските процедури и принципите на еднаков третман на сите кандидати.

Џулијан Шабани е избран за нов заменик-директор на Македонската радио-телевизија (МРТ). Неговото именување следува по изборот на Зоран Ристовски за генерален директор на јавниот радиодифузен сервис, по спроведен јавен конкурс. објави Скопје1.мк

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По спроведен јавен конкурс, избран е нов директор на МРТ

По спроведена постапка согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и важечките подзаконски акти, …

error: Содржината е заштитена!