Минатата година, турската продукција сними адаптација на најпродаваната бразилска теленовела “Авенија Бразил”, која своевремено ја гледавме на Алфа и ТВ 21. Успешната приказна за одмаздата на една девојка сега доаѓа на малите екрани во нова, адаптирана верзија “Правда за Лејла”.

Лејла останува без мајка уште како дете, а нејзиниот татко Хилми се жени со младата и атрактивна Нур. Заслепен од љубовта, Хилми не ја гледа вистинската природа на својата нова сопруга, ниту страдањето што таа ѝ го нанесува на неговата ќерка.

Кога Хилми конечно ја открива вистината за Нур, веќе е предоцна. Тој умира, а маќеата ја исфрла Лејла на ѓубриште и ја остава без дом, принудена да преживува во сурови услови, опкружена со други напуштени деца.

Лејла си ветува дека еден ден ќе се врати и ќе ѝ се одмазди на жената која ѝ го уништила семејството и ѝ го одзела детството.

Години потоа, Лејла се враќа во животот на маќеата под нов идентитет, но со неверојатна силина да ја започне одмаздата. Влегува во нејзиниот живот, во нејзиниот дом и започнува врска со нејзиниот син. Додека старите чувства повторно се будат, Лејла се наоѓа растргната меѓу љубовта и одмаздата.

Нејзината желба за правда ја води сè подлабоко во свет исполнет со лаги, скриени интереси и семејни тајни, а секој нов чекор открива дел од минатото што долго време бил закопан.

Од понеделник до петок, серијата за живот, љубов и правда. “Правда за Лејла”, нова вечерна драма.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
