Почетна / Телевизија / ТВ Лица / Миро Кацаров, водителот од Алфа е нов директор на Универзална сала

Миро Кацаров, водителот од Алфа е нов директор на Универзална сала

Водителот на забавното ток шоу од Алфа телевизија, Миро Кацаров е нов директор на Универзална сала во Скопје. Ова го покажуваат последните промени извршени во Централниот регистар на Република Северна Македонија.

Според податоците објавени во Централниот Регистар на Република Северна Македонија, од 13-ти мај годинава Кацаров ќе биде вршител на должноста директор во јавната установа, а е назначен од сегашниот Градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Кацаров кон крајот на 2019-та година беше вработен во Универзална Сала, а сега, откако беше најавено дека започнува реконструкцијата на објектот кој со децении наназад е симбол на културните збиднувања од Скопје, очигледно добил нова функција и унапредување.

Почетокот на изградбата на објектот беше назначен кон крајот на април годинава, а се очекува тој да биде финализиран до крајот на 2027 година и ќе биде дел и од програмските подготовки поврзани со Европската престолнина на културата 2028.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видиновски од Канал 5 доби признание за репортажите за Скопје

Новинарот и уредник на Канал 5 телевизија Александар Видиновски денска доби признание од невладната „Генералка …

error: Содржината е заштитена!