Почетна / Забава / Битолскиот диригент Владимир Димовски гостуваше во Ниш

Битолскиот диригент Владимир Димовски гостуваше во Ниш

Битолскиот диригент Владимир Димовски гостуваше во Ниш, каде диригираше со Нишкиот камерен оркестар на концерт посветен на творештвото на Антонио Вивалди. На програмата беше „Четирите годишни времиња“, едно од најзначајните и најизведувани дела од барокниот репертоар. Концертот се одржа на 20.02.2026 во Офицерскиот Дом во Ниш со почеток од 19 часот.


Со повеќе од 25 години искуство во диригирање и работа со различни камерни и симфониски оркестри, Димовски го гради својот диригентски израз не како формална дипломска определба, туку како резултат на лична желба, уметничка страст и континуирана практична работа на сцената, низ долгогодишно водење ансамбли и реализација на комплексни музички проекти.
Паралелно со институционалната работа, веќе 13 години тој е уметнички раководител и диригент на Оркестар DIVA (претходно Битолски Камерен Оркестар), независен ансамбл со јасно профилиран уметнички концепт, насочен кон спојување на класичната оркестарска традиција со современи, поп и рок музички проекти.

Како автор и диригент, Владимир Димовски стои зад бројни оригинални и препознатливи проекти, меѓу кои „Виена во Битола“, „Rock Symphony“, „James Bond Symphony“, „John Williams Symphony“, „Stars Symphony“, „Flowers Symphony“ и многу други. Овие проекти, чиј уметнички концепт и реализација се негово авторско дело, стекнаа значајна популарност и беа изведувани низ Македонија и регионот.
Покрај диригентството, Димовски е активен и како автор на аранжмани и оркестрации, со над 400 реализирани дела за камерни и симфониски состави.
Гостувањето во Ниш претставува уште една потврда за неговиот активен диригентски ангажман и за континуираната регионална уметничка соработка.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Оркестар DIVA со „Виена во Битола“ повторно ја воодушеви публиката

На 15 декември во Центар за култура Битола се одржаа два концерти од традиционалниот новогодишен …

error: Содржината е заштитена!