И во новата сезона, Прва телевизија (Србија) продолжува со премиерни епизоди од нивната маратонска ТВ сапуница – Игра судбине. Се чини дека оваа серија нема ни крај, затоа што снимањата постојано течат, актерската екипа се обновува во тек, а гледачите се уште ја одбираат како омилена програма секоја вечер.
Но, оваа ТВ сезона 2025/2026, Пинк телевизија ќе конкурира со своја продукција и ќе ги врати домашните серии во својата редовна програмска шема.
Проектот кој наголемо го најавува Пинк е новата вечерна драма – Наследство, серија со многу скриени тајни и неочекувани заплети, како што ја најавува сопственикот на Пинк медиа групацијата, Жељко Митровиќ.
Освен Наследство, на Пинк еднаш неделно ќе се емитува и новата српска серија – Љубав у тишину.
Другите комерцијални национални телевизии во Србија (Хепи, Б92) не вложуваат во ваков тип на телевизиски формати. Нешто налик нашите телевизии, очигледно.
Дани | ТВ Пакет