Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Видео | Пред финалето, Андријана и Кеба ја отпеаа „Македонско девојче“

Видео | Пред финалето, Андријана и Кеба ја отпеаа „Македонско девојче“

Младата пејачка и минатогодишна финалистка во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, скопјанката Андријана Петрушовска, оваа сабота (8-ми Јуни) уште еднаш ќе се докаже и покаже зошто е една од најсериозните кандидати за победа во големото музичко талент шоу оваа сезона.

Андријана ги освои сите гласови во полуфиналето и со тоа обезбеди директен пласман за во финалната вечер. Таа изминатите 13 круга доминираше на сцената и со своите интерпретации и редовно ја воодушевуваше жири комисијата на која само и потврди дека станала уште подобра од лани.

Заедно со Кеба, кој беше присутен на полуфиналната емисија, Андријана ја отпеа „Македонско девојче“ и со тоа српскиот пејач даде до знаење дека токму таа е неговиот фаворит за победа.

ЛИНК

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поткаст на Алфа – уште една ТВ емисија со разговори во студио

Секоја сабота во 22.30 часот, Алфа телевизија го емитува новиот проект – Поткаст Алфа. Разговори …

error: Содржината е заштитена!