Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #27 |Alevosía

Предавство, епизода #27 |Alevosía

 

На прашањето која е мајката на Анхелес, Чоле и одговара на доња Инес дека тоа е тајна која до гроб ќе ја носи со себе.

Лусија доаѓа да разговара со Октавио и му префрла дека не смеел да ја отркие тајната на Игнасио и да и каже на Анхелес дека Игнасио имал вонбрачна ќерка. Меѓу другото му префрла дека знаел за првиот инфаркт на Игнасио а сепак не кажал ништо и му признава дека тој е главен осомничен дека ги заменил пилулите на Игнасио со лажни.  Октавио и вели на Лусија дека е невин и ја обвинува Наталија, љубовнивата на Игнасио за истото.

Кога ќе се врати дома, Лусија и м рпизнава на своите деца Диего и Сесилија дека Анхелес е посвоена.

Анхелес го бара Октавио и го прашува како дознал за вонбрачната ќерка на Игнасио. Октавио и признава дека нашол писмо меѓу работите на Игнасио во кое се говори целата вистина за мистериознта ќерка.

Лусија и Густаво не сакаат повеќе да ја држат во тајност својата врска. Мануел Ваљадарес, шефот на кардио ги затекнува како се бакнуваат и е изненаден од она што го гледа.

Дарио доаѓа на разговор со Трини и ја прашува тетката на Анхелес дали знае кој ја оставил неговата сопруга пред портите на вилата Соријано. Трини му признава дека не знае ништо идека и таа самата од неодамна дознала дека Анхелес не е ќерка на Лусија и Игнасио.

Лусија ја ангажира својата пријателка и адвокатка Нати да ги провери правните сектори во клиниката, бидејки сака да ситражи дали Октавио работел исправно.

По разговорот со Дарио, и Анхелес доаѓа кај својата тетка Трини прашувајки ја што знае за нејзинотот потекло. Трини и вели на својата внука дека само Чоле ги има одговорите на сите нејзини прашања.

Додека ги провереува смтеките во клиниката, Нати дознава дека Игнасио  потпишал документ на кој префрла милион долари на сметка на Кајманските острови на име Октавио Валдерама.

Октавио се наоѓа со Ракел, една од неговите добри приајтелки и колешки од клиниката и ја лаже дека Густаво ги променил пилулите на Игнасио со цел да го убие за да биде со Лусија.

Ракел му ветува дека ќе направи се за да го обвини хирургот кој ни самата не може да го поднесе.

Моника му признава на Диего дека кога била мала, партнерот во фирмата на нејзиниот татко брутално ја силувал и и оставил траума за цел живот. Диего и предложува да посети психијатар, но Моника му вели дека веќе со години одела, но тешко и е да заборави на лошиот инцидент.

Нати и кажува на Лусија дека Игнасио префрлил милион долари на сметката на Октавио. Лусија е скептична бидејки знае каков циција беше нејзиниот покоен сопруг и дека никогаш не би префрлил толкава сума никому.

Октавио почнува да го спроведува првиот дел од својот план. Ја посетува Анхелес и ја лаже дека Густаво ги сменил пилулите на нејзиниот татко а дека Лусија му била соучесник.

Истовремено, Ракел му се исповеда на својот колега Ваљадарес дека се сомнева оти Густаво Монтемар го убил Игнасио Соријано. Му кажува за заменетите пилули и кардиохирургоѕ почнува да се сомнева.

Во разговор со својот пријател Густаво, Нати му признава дека не го сака Хулијан и дека не знае како да му го каже тоа. Густаво ја советува дека мора да биде искрена.

Лусија го посетува д-р Кампос кој ја известува дека има тумор на главата и дека мора да почне со лекување и биопсија најрано што може.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …