Почетна / МК Сцена / Слаткаристика од сега и на iTunes!

Слаткаристика од сега и на iTunes!

 

Можеби за Слаткаристика сеуште нема чуено цел свет, но од сега ќе може да го чуе целиот свет! Нашиот највлијателен македонски хип-хоп артист Слаткаристика од неодамна официјално е застапен и во најголемата музичка продавница во светот „iTunes“.

 

 

На барање на истомислениците и љубителите на музичката култура што ја интерпретира Слаткаристика, песните од неговите два соло албуми сега можат да ги имаат сите, каде и да се! Оваа Интернет продавница дава можност On-line да си ја купите било која песна од 35-те на располагање, како и целите два соло албуми на Слаткаристика – „Слаткаристика будало“ издаден во 2009. година и „Новиот албум“ издаден во 2012 година. iTunes продавницата е отворена 24/7, а песните на Слаткаристика може да ги најдете на следниот линк.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јане Славов со преработка на најголемите румба хитови на Џипси Кингс

Еден од најхаризматичните млади вокали на нашата сцена, Јане Славов, заедно со енергичните музичари од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!