После сè уште актуелната “Длабоко”, Пепа Димитрова веќе ја заврши новата песна и снима нов спот.

Се работи за брза и модерна песна, насловена “Со тебе немам сон”, потпишана од Весна Малинова и Владимир Дојчиновски Дојчин.

Спотот го работи Зоран Стојановски Зонде. По она што се гледа од сликите, Пепа повторно ќе има несекојдневен видео запис.

– Песната влегува во уво од прво слушање. Ќе ја промовирам заедно со спотот кој во моментот е во фаза на пост-продукција. Направивме модерна песна и модерен спот. Уживав додека снимав и се надевам дека ќе и се допадне на публиката – вели Пепа Димитрова.

Дани | ТВ Пакет
 ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
				
 
		 
						
					 
						
					 
						
					 
					
				