Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Бадник на Алфа со македонска фолк музика и рускиот филм „Oстров“

Бадник на Алфа со македонска фолк музика и рускиот филм „Oстров“

Кај и да си, за Бадник дома да си. Водени од тоа мото, националната телевизија Алфа реши да им ја разубави вечерта на македонските гледачи со музика за душа која го крева телото и ги разнежнува сетилата.

Од 20 часот почнува Бадниковата програма на Алфа со музичко шоу, снименo во деновите пред пандемијата како дел од традиционалната меѓународна копаничарско-ликовна колонија во етно село Тримчевски.

Уживајте во најубавите македонски народни песни исполнети од познати поп и фолк пејачи. Поделете ја бадниковата погача и заиграјте од срце и душа за Македонија.

Веднаш по музичката програма, во 22 часот го следите рускиот филм “Остров“, добитник на Ника наградата и кинеската Golden Eagle Award за најдобар руски филм во 2006 година.

Неподнослива болка ќе го спаси неговиот живот и ќе добие втора шанса во друго време и на чудно место. Тој може да ја предвиди иднината, но како да се промени минатото?

Филм за едно време кога вербата во Христа почнува да исчезнува и атеизмот почнува да се наметнува во Русија. Необјаснливи работи почнуваат да се случуваат на “Островот”, вечерва во 22 часот на Алфа.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Канал 5 со отворена хуманитарна програма за настраданите од пожарот

Утре (четврток, 27 март), Канал 5 ТВ организира телетон хуманитарна ТВ програма за донирање на …

error: Содржината е заштитена!