Почетна / Серии / По Телма и Алфа, сега и локалните со реприза на руската „Бригада“
Секоја сабота на скопска МТМ во 21 часот, со репризни изданија истата вечер по полноќ и во недела во 17 часот. По МТМ, серијата следува и на другите локални телевизии

По Телма и Алфа, сега и локалните со реприза на руската „Бригада“

“Бригада” е една од најдобрите руски крими серии, своевремено емитувана на Телма телевизија. Лани и Алфа телевизија реши да ја репризира, а сега повторно на малите екрани и тоа на локалните телевизии (МТМ Скопје, ТВМ Охрид, Тера Битола и Прилеп, Ирис Штип, Кобра Радовиш итн). Снимена е во 2002 година во 15 епизоди. Во продолжение ве запознаваме со содржината на “Бригада” :

Во текот на 1989 година, Саша Белов се враќа од војната во Авганистан. За цело тоа време додека бил отсутен, животот во неговата земја Русија се изменил многу. Неговите пријатели од детството, Пчела и Космос за тоа време се претвориле во рекетари. Саша дознава дека и неговата девојка Лена исто така го изневерува.

Додека ги решава проблемите со неа пред клубот во која таа работи, тој се судира со нејзиниот нов “газда“ Муха, кој има криминално досие. Роднина на самиот Муха е Каверин, висок чиновник во полицијата во Русија. Пчела и Космос го наговоруваат Саша да започне да се заниава со рекетарство, но тој постојано одбива, бидејќи се подготвува да се запише на факултет.

Нивниот последен другар, Фил заработува пари учествувајќи на натпревари на “улични борби“. На еден натпревар во самата публика е и Муха, чија цел е да го убие Саша. Избувнува масовна тепачка, каде на крајот полицијата, на чело со Каверин, го наоѓа мртвото тело на Муха. За тоа убиство е обвинет Александар Белов-Саша, кој Космос успева да го сокрие надвор од градот.

Во вилата каде што престојува, Саша се вљубува во сосетката и негова идна жена Оља. Со текот на времето, Саша и неговата новоформирана “бригада“ стануваат највлијателните луѓе на црниот бизнис во Русија…

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Иновациите на Наса“, документарец на Телма секој понеделник

Еволуцијата на нашиот свет во голема мера зависи од технолошките ресурси, знаењето и ограничувањата, но …

error: Содржината е заштитена!