Почетна / Серии / Видео | Специјална епизода на „Преспав“ за корона вирусот

Видео | Специјална епизода на „Преспав“ за корона вирусот

Преспав „КОВИД еден без дваесет” е специјална епизода од ТВ серијата „Преспав” со хумор и ведрина како  добра емотивна поддршка во овие моменти кои бараат солидарност и заедништво. Епизодата ќе се емитува на првиот канал на МТВ на 26 април, недела.

Епизодата се реализираше од 21.04.2020 до 24.04.2020 во студијата на МРТ, при што покрај стандардите за продукција на ТВ програма во услови на пандемија, преземени беа дополнителни мерки за заштита на сите вклучени во продукцијата, според препораките на СЗО. Целиот тим работеше на епизодата волонтерски и доброволно, а средствата собрани од маркетинг пораките во епизодата ќе бидат уплатени на сметката на Фондот за борба против COVID-19.

Му се заблагодарувам на тимот кој работеше напорно изминативе денови за да се случи Преспав „КОВИД еден без дваесет“ на спонзорите и пријателите на „Преспав“, на вработените во МРТ и секако на нашите најблиски за безрезервната поддршка – објави продуцентот на серијата.

Во продолжение погледнете ја најавата за специјалната епизода на “Преспав”:

https://www.facebook.com/mtv1.promo/videos/665854774237513/?t=3

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најдрагата српска серија „Среќни луѓе“ повторно со вас

Кроз прозоре нашег дома, видим твог живота део склапам очи и тешим се да си …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!