Почетна / Серии / Видео | Специјална епизода на „Преспав“ за корона вирусот

Видео | Специјална епизода на „Преспав“ за корона вирусот

Преспав „КОВИД еден без дваесет” е специјална епизода од ТВ серијата „Преспав” со хумор и ведрина како  добра емотивна поддршка во овие моменти кои бараат солидарност и заедништво. Епизодата ќе се емитува на првиот канал на МТВ на 26 април, недела.

Епизодата се реализираше од 21.04.2020 до 24.04.2020 во студијата на МРТ, при што покрај стандардите за продукција на ТВ програма во услови на пандемија, преземени беа дополнителни мерки за заштита на сите вклучени во продукцијата, според препораките на СЗО. Целиот тим работеше на епизодата волонтерски и доброволно, а средствата собрани од маркетинг пораките во епизодата ќе бидат уплатени на сметката на Фондот за борба против COVID-19.

Му се заблагодарувам на тимот кој работеше напорно изминативе денови за да се случи Преспав „КОВИД еден без дваесет“ на спонзорите и пријателите на „Преспав“, на вработените во МРТ и секако на нашите најблиски за безрезервната поддршка – објави продуцентот на серијата.

Во продолжение погледнете ја најавата за специјалната епизода на “Преспав”:

Најнова и вонредна епизода од серијата „Преспав“недела 20:15 часот на МТВ1КОВИД еден без дваесет е специјална епизода од ТВ серијата „Преспав“ и е направена затоа што хуморот и ведрината се добра емотивна поддршка во овие моменти кои бараат солидарност и заедништво.Епизодата се реализираше од 21.04.2020 до 24.04.2020 во студијата на МРТ, при што покрај стандардите за продукција на ТВ програма во услови на пандемија, преземени беа дополнителни мерки за заштита на сите вклучени во продукцијата, според препораките на СЗО.

Gepostet von МРТ1 Промо am Freitag, 24. April 2020

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Белгиската верзија на познатата „La casa de papel“ на Сител по полноќ

Од понеделник до петок во 00.30 часот на Сител место “Тhe Librarians” ќе се емитува …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!