Почетна / Телевизија / Никола Димитров е гостин во „360 степени“ на Алсат

Никола Димитров е гостин во „360 степени“ на Алсат

Вечерва (12.10.2018 г.) од 22:00 часот во „360 Степени“ на ТВ Алсат ќе следите интервју со шефот на дипломатијата Никола Димитров. Дали власта има обезбедено двотретинско мнозинство во Собранието за спроведување на Договорот од Преспа; дали брзи избори не се побезбедна опција за власта зашто и да има мнозинство за првото гласање, прашање е како тоа ќе се одржи по три месеци за финалното гласање?

https://www.facebook.com/360stepeni/videos/151656572454733/?t=66

Дали Владата во Скопје била информирана за пресретнатите комуникациии на рускиот бизнисмен Савидис (близок до Путин), кој живее и работи во Грција, со кои се докажува дека бил вклучен во потплаќање заради поттикнување протести против решение за името („Њујорк Тајмс“)? Како Димитров ја разбира одлуката на Цариградската патријаршија да почне постапка за давање автокефалност на Украинската православна црква во контекст на Договорот од Преспа? Дали со истрагата на СЈО за Бујар Османи, главниот политички преговарач со ЕУ, не е доведен во прашање кредибилитетот на евроинтеграцискиот процес?

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Времеплов | Погледнете како се работело во Радио телевизија Скопје

Еден работен ден во Радио телевизија Скопје на 2 ноември 1988 година. Денот на националното …

error: Содржината е заштитена!