Време е за цреши, време е за вистинска летна забава

Нова романтична комедија е на прагот на летото. Прекрасна летна романса и многу хумор ќе бидат со вас секоја вечер на телевизија Сител.

“Сезона на црешите” е телевизиска серија која беше првата емитувана турска програма во Италија и која доживеа огромен успех. Многумина ја споредуваат со мегахитот “Вљубениот ерген”, па затоа сите сладокусци и овојпат ќе уживаат во една топла и комична приказна.

Нов ерген и нова Дефне. Нов заводник кој ќе ги освои женските срца. Нова заводничка која ќе ги краде погледите и на оние кои не признаат дека гледаат турски серии. Многу наскоро, Сител телевизија започнува со емитување на новиот телевизиски хит, а за брзо време ТВ Пакет ве запознава со содржината и ликовите на “Сезона на црешите”.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
