Почетна / Телевизија / VIP Survivor / Срвајвр – пресек на 9-иот ден

Срвајвр – пресек на 9-иот ден

Ситуацијата на Костарика се смирува. Дали новите поглавари се дораснати за своите задачи и ќе пронајдат ли Јелена и Миа заеднички јазик?

 

 

Пресек на 9-иот ден

Изгледа дека исфрлувањето на Миа стави точка на непријателството во Матамбо. Хармонијата повторно се вовлече во редовите на виолетовото племе, кое беше особено вознемирено на последниот Племенски совет. Мартина и Кристина и понатаму се шокирани од настапот на Миа и ја жалат нејзината ќерка Маја Лена која, според нив, била навистина добра девојка. Мартина е особено згрозена од однесувањето на Миа и тврди дека никогаш не видела некој толку полн со злоба и бес. Невен, пак, во свој стил, не сака многу да троши време враќајки се во минатото, тој вели дека сака на Маја Лена да и даде поддршка и да почне новиот ден.

 

А во новиот ден Миа се буди на новиот остров. Како што ја нарекоа старите соплеменици, Кралицата на глумата, е полна со енергија и позитивни коментари за себе, особено е горда што на 50 години е посилна од сите во племето.

 

Во Борука, Александра е како нова, а нејзините соплеменици се повеќе ја прифаќаат како добра девојка. Алекс за неа вели дека уште од почетокот ја сметала за таква, па дури и кога сакала да си замине од ова племе. Потоа требаше да се одберат нови поглавари. Матамбо се одлучи за Марко, а Борука за Огњен.

Доаѓа време за борба, Андрија им соопштува дека ќе се борат еден на еден, со затворени очи и ѕвончиња на рацете и нозете. Потребно е преку слухот да го лоцираат противникот и да му ја земат марамата која му е закачена на грбот. Племето кое прво ќе ги освои шесте бодови ќе добие двајца водичи за преживување во џунглата. Трката е мртва до последната рунда, на почетокот Матамбо убедливо води, но Станија го освојува првиот поен кога бесно ќе ја нападне својата противничка. Сепак, овој пат среќата им беше наклонета на Матамбо и ова племе победува првпат од почетокот на натпреварувањето.

 

Борука не жали многу, единствено Милан се повлекува, бидејќи е разочаран од својот настап.

 

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Никола Шоќ на детска возраст

Деновиве низ балканските интертнет портали можеше да се види една интересна фотографија од приватниот албум …