Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #87 |Alevosía

Предавство, епизода #87 |Alevosía

 

Даниела која е исплашена по киднапирањето се јавува кај Анхелес да ја извести дека Лусијана е киднапирана.

Диего кој станува секој ден се позависен од дрога, му се јавува на Франко барајки нова доза.

Доња Инес и  префрла на Трини дека не смеела да му каже на Марко дека таа и неговиот татко се знаеле во минатото. Иако Трини се брани, заѕвонува телефонот и ги известуваат дека малата Лусијана е киднапирана.

Состојбата на Густаво е секојдневно посериозна. Заклучен во својата соба, не личи на себе и не дозволува никому да му пријде.

На Естер и дијагностицираат анорексија, а нејзината мајка смета дека состојбата и настанала поради пробелмите во бракот со Хоакин.

Анхелес го известува Густаво дека Лусијана е киднапирана и тогаш за прв пат почнува да реагира свесно.

Сите се загрижени за киднапирањето. Октавио и јавува на Анхелес и ја известува дека ако сака да ја види својата сестра ќе треба да плати милион долари. Анхелес се согласува на компромисот.

Договорот е на полноќ да се чекаат во паркот. Во еден од контејнерите се оставени парите а на една од клупите е оставена Лусијана. Октавио побегнува со парите а Анхелес е пресреќна што Лусијанита е повторно во нејзините раце.

Следниот ден, Густаво одлучува да замине во психијатриска клиника и се поздравува со фамилијата и својата ќерка.

 

продолжува

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

error: Содржината е заштитена!