Почетна / Забава / Евровизија / Видео | Евровизиската сцена во Копенхаген

Видео | Евровизиската сцена во Копенхаген

 

 

59-тото издание на Евровизија ќе се одржи на 6, 8 и 10 Мај во Копенхаген, Данска. Познато е дека во натпреварот ќе учествуваат 37 земји годинава, а Македонија ќе настапува единаесетта и тоа во второто полуфинале. Песната на Тијана, избрана интерно од страна на Македонската радиотелевизија, ќе се пее на англиски јазик. Оваа година нема да настапуваат дел од нашите соседи како Србија и Бугарија, а своето учество го откажаа Кипар, Мароко, Монако, Словачка, Андора и Луксембург. Скоро сите земји ќе пејат на англиски јазик, освен Португалија, Шпанија, Италија, Франција и Црна Гора. 

Во продолжение ви претставуваме ексклузивно видео за тоа како ќе изгледа данската сцена:

 


 

Многу ефекти, многу осветлување, многу ЛЕД екрани. Сцената е широка 35 метри, висока е 20 метри. ЛЕД екраните се високи 13 метри и 100 метри долги. На подот како и на екраните ќе може да се видат најразлични визуелни ефекти и анимации.

 

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија треба да учествува на Евровизија – прочитајте зошто

Деновиве порталот Музика24 информираше дека неофицијално шефицата на македонската делегација си поднела оставка на таа …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!