Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #22 |Alevosía

Предавство, епизода #22 |Alevosía

 

Густаво ја замолува Анхелес да го напушти неговиот стан, дека сега кога знае дека детето не е негово ништо повеќе нема да ги спои да бидат заедно. Повредена, девојката го обвинува за смртта на нејзиниот татко.

Пребарувајки по документите во канцеларијата на Игнасио, Октавио наоѓа едно мистериозно писмо во кое открива дека Игнасио имал ќерка вон бракот со Лусија.

                Анхелес доаѓа на разговор кај својата сестра Сесилија и и ја полни главата дека Лнивната мајка Лусија и нејзиниот љубовник Густаво исценирале да поине нивниот татко. Отпрво Сесилија одбива да прифати таков апсурд, но Анхелес ја лаже дека Октавио и признал дека ги отркрил намерит е на Густаво.

Чоле, во меѓувреме ја советува Лусија дека треба да му даде шанса на Густаво и конечно да биде среќна со човекот кој го љуби.

Анхелес не може да престане да тагува за смртта на својот татко. Новата куќа ја потсетува на него. Напуштена од саканиот Густаво и ранета од смртта на својот татко, Анхелес се одлучува за еден шпокантен чекор. Го пушта гасот во кујната со надеж да се задуши.

Густаво ја известува својата пријателка Нати дека решил да се врати во Мексико Сити. Ја моли да не и кажува ништо на Лусија.

Дарио конечно собира храброст за разговара со Анхелес, ја бара во вилата и ја открива нејзината намера да се самоубие. За среќа, доаѓа навреме да и го спаси животот. Таа низ созли му признава дека се плаши од самотијата и дека секогаш стравувала од тоа. Дарио и нуди брак, а по кратко размислување, девојката се согласува.

Лусија го наоѓа отказното решение на своето биро во клиниката а Октавио и потврдува дека хирургот одлучил да се врати во Мексико Сити.

Решена да не го загуби, Лусија дознава дека летот на Густаво е за еден час и веднаш се упатува кон аеродром. Го наоѓа љубениот на терминалот пред самиот лет и со трчање му приоѓа, прегрнувајки го силно и молејки го да не ја остава.

Погоден од реакцијата на Лусија, Густаво и признава дека одлучил да замине само поради неа. Таа го моли да остане, не само во Гвадалахара туку и во енјзинит живот. Тој старсно ќе ја бакне и двајцата држејки се за рака го напуштаат аеродромот.

Една недела подоцна, на советот на акционери, Лусија ги известува своите партнери и комитетот дека Густаво Монтемар е новиот шеф на хирургија во клиниката и ја назначува Кларита како своја лична асистентка.

Кларита е пресреќна што се враќа во клиникиата откако Игнасио брутално ја отпушти.

На истиот тој состанок, Лусија го предложува Ваљадарес за нов претседател, но самиот Ваљадарес ќе изјави дека не постои подобар претседател од самата Лусија за клиниката. Мнозинството на акционери ќе ја изгласаат за нов претседател, додека Октавио нервозно беснее гледајки како Лусија е одбрана како нов претседател на Нуева Вида.

 продолжува

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …