Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #83 |Alevosía

Предавство, епизода #83 |Alevosía

 

Најблиската фамилија се простува од саканата Лусија, фрлајки ја нејзината пепел во едно убаво и мирно езеро.

Времето минува а животот тече по својот правец. Густаво го минува времето работејки по шеснаест часови на ден со цел што помалку да има време да мисли на загубата. Кога ќе се врати во вилата, Анхелес му се пожалува дека Даниела, новата дадилка на Лусијана, ќерката на Лусија и Густаво, не е доволно посветена на својата работа.

Нати и Алберто доаѓаат на разговор со Ана, жена која одгледува дете со Даунов синдром. Нати му соопштува на својот сопруг дека не знае дали ќе биде погодна и пожртвувана мајка за дете со специјални потреби.

Октавио кој не може да заборави дека ја загуби раката по вина на Диего, одлучува да му се одмазди. Во договор со Франко, дилер на дрога кој ќе го запознае во сиромашниот кварт, договараат да го вметнат синот на Лусија во светот на дрогата.

Диего не може да излезе од депресијата по смртта на својата мајка, дури и ја прекинува врската со Раул.

Хулија ја прашува Инес каде ја нашла Даниела, бебиситерката на малата Лусијана. Старицата одговара дека ја нашла на оглас, и дека по смртта на Лусија, малечката Лусијана е е крајно безбедна покрај Даниела.

Анхелес го прекорува Густаво дека премногу време посветува на својата работа а премалку време на својата ќерка.

Трини му се заканува на Алваро дека ги има во своја контроала сите негови документи и дека во случај да сака да се разведат ќе го остави без ништо. Алваро кој ги минува деновите во инвалидска количка и префрла дека со таквата злоба на крајот од животот ќе остане сама.

 

 продолжува

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

error: Содржината е заштитена!