Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #84 |Alevosía

Предавство, епизода #84 |Alevosía

 

Даниела, новата бебиститерка се зближува со Диего и му предлага заедно да ја искапат Лусијана, бидејки Диего одбива да биде во близина на својата сестра.

Естер му предлага на Хоакин да заминат на втор меден месец бидејки бракот им паѓа во криза, но Хоакин одбива поради обврските на работа.

Марко и префлра на Анхелес дека многу ретко се гледаат, а Анхелес му одговара дека само сака да минува што повеќе време со Лусијана.

Густаво почнува да се сомнева во своето ментално здравје бидејки ја здогледува покојната сопруга во нивната спална соба. Почнува горко да плаче а Анхелес го теши.

Додека Густаво очајно плаче по Лусија, Раул му кажува на својот пријател Хоакин дека раскинал со Диего, дека премногу се променил и станал нешто што никогаш не бил.

Анхелес го советува Густаво да го отвори срцето и да и каже се што му лежи поврзано со загубата, но Густаво и вели да го остави сам.

Диего го запознава Франко, откакко заедно со Октавио ќе договорат да му се расипе автомобилот на Диего за Франко да му помогне. Франко го лаже новиот пријател дека се соочил со голема загуба и дека само метадонот му помогнал да продолжи со животот.

Следниот ден, во клиниката, Марко го советува Густаво да земе неколку дена одмор, но Густаво одбива. Хирургот се плаши да биде сам со себе и вели дека најдобар начин да заборави на сопругата е ако целосно и се посвети на работата.

Користејки ја шансата што Естер е на спа со своите пријателки, Хоакин повторно ја минува ноќта со Карола. Но, селдното утро Естер се враќа порано од спа и го затекнува својот сопруг дома со својата љубовница. По тешката расправија, Хоакин и признава на Естер декане ја сака и дека најдобро би било да се разведат.

Даниела, новата дадилкна на Лусијано, зборува се најлошо за Густаво пред Анхелес. Анхелес го брани дека Густаво е само погоден од смртта на нејзината мајка.

Нешто подоцна, Анхелес го затекнува својот брат Диего со дрога во куќата.

 

продолжува

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …