Почетна / Серии / Нова шпанска серија од 510 епизоди на ТВ Телма

Нова шпанска серија од 510 епизоди на ТВ Телма

 

Од понеденик, 20. јануари на Телма телевизија во терминот за историски серии започнува шпанската теленовела „Бандолера“, снимена во 510 епизоди. Ова е приказна за шпанскиот Робин Худ, приказна за авантурите на една девојка која ќе се бори за правдата и против насилството, приказна за една шпанска хероина која ќе го оживее светот на романите. Дејството на серијата се одвива кон крајот на 19. век во шпанска Андалузија. Премиерите на серијата на Телма ќе бидат во 20 часот, а репризите ноќта околу 2 часот и следниот ден во 12 часот на пладне.

 

 

Сара е убава и млада студентка по шпанска книжевност на универзитетот Оксфорд која сака се што е поврзано со шпанската историја, литература и уметност, а особено е маѓепсана од приказните за шпанскиот мит Кармен. Таа има богат и луксузен живот, опкружена е со слуги, но нејзиниот живот е емотивно празен. Таа сонува за авантури и непознати работи кои ги чита во книгите.

 

 

Затоа, еден ден одлучува да го напушти својот дом и тргнува на непознато патување во Андалузија. Првото место во кое што доаѓа е едно мало село каде се запознава со жителите, го запознава нивниот менталитет, навики и обичаи. Тука Сара го запознава поручникот Мигел кој има задача да ги фати бандитите кои сеат страв и несигурност во селото. Но желбата да ги доживее времињата од романите ќе ја натера Сара да стане дел од бандитите. Тоа е она кое за кое сонуваше Сара, живот исполнет со авантури и возбуда. Така нашата хероина станува Бандолера, девојка која почнува да се бори против насилството и криминалот во селото и која секогаш ќе биде на страната на правдата и сиромашните. Во нов свет на романтика, на љубов, авантури и предавства, Бандолера почнува да ја живее својата нова животна улога за која сонувала целиот нејзин живот.

Улоги: Marta Hazas (Сара), Carles Francino (Мигуел), Manuel Bandera (Хуан), Alfonso Begara (Чато), Tomás del Estal (Томас), Fernando Vaquero (Рафалин), Joaquín Hinojosa (отец Дамјан). Eugenio Barona (Олмедо), Marta Guerras (Пилар).

 

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По успехот во Македонија, „Преспав“ ќе се емитува и во Бугарија

Најпопуларната македонска телевизиска серија започнува да реди нови успеси. По одличната прифатливост од страна на …