Почетна / Серии / ABC ви претставува | 666 Park Avenue

ABC ви претставува | 666 Park Avenue

Upfront | 666 Park Avenue

 

На застрашувачката адреса „666 Парк Авенија“ се што ќе посакаш може да биде твое. Сите имаат потреби, желби и амбиции. За резидентите на Дрејк сето ова ќе биде исполнето, поради учтивоста на мистериозниот сопственик на зградата, Гевин Доран. Но секој фаустовски договор доаѓа со цена. Кога на Џејн Ван Вин и Хенри Мартин, идеален млад пар од северозапад, им е понудена можноста да управуваат со оваа историска зграда, тие не само што ќе бидат жртви на махинациите на Доран и неговата мистериозна жена Оливија, туку и несвесно ќе ги доживуваат тајните, натприродни сили кои се случуваат во зградата и што ги згрозуваат животите во нејзината внатрешност.

 

 

Секси, заводоливи и пријателски настроени, Дрејк ги држи во темнина сите нејзини жители, а преку нивните амбиции и желби, во оваа застрашувачка нова драма ќе започне епската борба за доброто против злото.

Серијата е базирана на истоимената книга од Габриела Пирс, сценариото е напишано од Дејвид Вилкокс (Fringe, Life on Mars), и со брилијантната актерска екипа предводена од Тери О’Квин (Lost) и Ванеса Вилијамс (Ugly Betty, Desperate Housewives).

 

 

{gallery}052012/666-park{/gallery}

 



DarkShadow | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Иновациите на Наса“, документарец на Телма секој понеделник

Еволуцијата на нашиот свет во голема мера зависи од технолошките ресурси, знаењето и ограничувањата, но …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!