Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #20 |Alevosía

Предавство, епизода #20 |Alevosía

 

Игнасио не може да поверува во она што го слуша од својот доверлив пријател и соработник. Посегнува по апчињата откако ќе почувствува силна болка во градите, несвесен дека истите тие апчиња се само обични аналгетици кои Октавио ги заменил со вистинските апчиња за срце.

Октавио ликува гледајки како неговиот пријател полека умира. Меѓу другото му признава дека со месеци му давал лажни таблети наместо вистинските за да му се подобри состојбата со срцето.

Лусија која е на вечера со доња Инес, добива телефоснки повик од болницата каде што ја известуваат за тешката состојба на Игнасио. Доња Инес и Лусија заминуваат во болницата.

Кардиологот бара од Лусија да потпише за итна операција, во спротивно часовите на Игнасио Соријано ќе бидат броени. Во консултација со доња Инес, Лусија потпишува за операцијата.

Во клиниката доаѓаат и децата на Соријано. Диего и Сесилија се пкрај свопјата мајка, додека Анхелес заминува да разговара со Густаво.

Густаво кој чувствува грижа на совест и признава на Ахелес дека пред само неколу часа имал жолчна расправија со нејзиниот татко и дека се чувствува виновен за настанатата ситуација.

Нешто подцна, кардиохирургот ја известува фамилијата дека срцето на Игнасио откажало за време на операцијата и дека починал.

Сите присутни се шокирани од сознанието.  Доња Инес погодена од сознанието чуствува вртоглавица, па Октавио се нуди да ја изнесе на свеж воздух.

Октавио кој пред другите се преправа дека е тажен поради загубата на својот пријател, длабоко во себе ликува и се надева дека ќе бида новоизбраниот претседател на клиниката.

Од друга страна пак, Диего и признава на својата сестра Сесилија дека се чувствува индиферентно кон смртта на својот татко.

Анхелес која е погодена од новоста ја обвинува својата мајка за смртта на Игнасио. Густаво успева да  ја смири ситуацијата и ја изнесува девојката од болницата.

Доња Инес и јавува на Трини за смрта на Игнасио. Младата жена не може да поверува и веднаш зема такси и се упатува кон клиниката каде што ќе и биде потврдено дека Игнасио е мртов.

Погодена од смртта на својот татко, Анхелес почнува да чувствува силни болки во утробата. Исплашена дека може да го загуби бебето го преколнува Густаво да направи нешто.

Трини ја напаѓа Лусија обвинувајки ја за смртта на Игнасио. Доња Инес се обидува да ги смири сестрите во расправијата и дознава дека неодамна Игнасио ја запросил Трини. Старицата е шокирана кога Лусија ќе и каже дека Тринидад му била љубовница сите изминати години.

 

продолжува

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …