Почетна / Серии / ABC-вата серија The River наскоро на AXN

ABC-вата серија The River наскоро на AXN

Новата серија на ABC, The River од 2-ри мај ќе се емитува на кабловската телевизија AXN во 22.00 часот.

 


Содржина:
– „Реката“ го следи животот на животинскиот експерт и ТВ личноста Емет Кол. Емет патува низ светот заедно со жена му, Тес, и синот, Линколн, додека снимаат шоу кое подоцна ќе стане едно од најпопуларните на телевизија. Откако тој ќе навлезе длабоко во територијата на Амазон и ќе изчезне, неговата фамилија, пријатели и екипата се делат на повеќе групи во мистериозна и смртоносна потрага по него.

 

Прочуениот истражувач Д-р Емет Кол (Брус Гринвуд) отиде да бара магија длабоко во непознатиот Амазон и никогаш не се врати. Шокирачката вистина за неговото исчезнува е таму некаде, само чека да биде откриена. За милионите деца кои пораснаа гледајќи го неговото шоу, Д-р Кол е вистински херој. За неговиот Син, Линколн (Џо Андерсон), тој е енигма. Сега, шест месеци по неговото исчезнување, Линколн е најпосле спремен да го закопа минатото, кога светилникот за итни ситуации на Д-р Кол одеднаш изгаснува. По барање на неговата мајка, Тес (Лезли Хоуп), Линколн неволно и се придружува во потрагата за неговиот татко. Со цел да најдат пари за потрагата, тие му дозволуваат на поранешниот продуцент на Д-р Кол, Кларк (Пол Блекторн), да ја снима мисијата во стил на документарец. Измешаната екипа составена од стари пријатели и нови познаници ги вклучува исто така привлечната и снаодлива Лена (Елоиз Мамфорд), лојалниот механичар Емилио (Дениел Закапа) и смртоносниот телохранител, капетанот Кур Брајнилдсон (Томас Крешман).

Во главните улоги: Bruce Greenwood, Joe Anderson, Paul Blackthorne, Paulina Gaitan, Leslie Hope, Eloise Mumford, Shaun Parkes, Thomas Kretschmann, Daniel Zacapa
Сценаристи: Oren Peli, Michael R. Perry, Michael Green
Продуценти: Daryl Frank, Justin Falvey, Michael Green, Oren Peli, Zack Estrin, Jason Blum, Steven Schneider
Режисер: Jaume Collet-Serra

 

 

 

 

Losteech | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Катуранди“ повторно на МТВ 1 – петто емитување на иста серија

Италијанската крими серија “Катуранди” репризно на МТВ 1, од понеделник до четврток по 21.30 часот. …