Почетна / Серии / Вечерва завршува мегахитот „Бурни времиња“

Вечерва завршува мегахитот „Бурни времиња“

 

Вечерва на Сител телевизија ќе се емитува финалето на безвременската приказна за семејството Акарсу, „Бурни времиња“.

Вистинската приказна која во Македонија стартуваше во месец март, 2012. година, ги освои гледачите ширум Балканот и измами многу солзи поради тажната приказна. Секоја од трите сезони беше привлечна на свој начин, ова е една од најгледаните серии што некогаш се емитувале во Македонија. Во последната епизода сите мистерии и злодела се разрешени, останува да погледнеме како членовите на семејството Акарсу продолжуваат да живеат во спокој.

 

 

Во епизодата е вклучена и приказната околу снимањето на серијата, како вистинскиот Осман дошол до идејата и после 4 години успеал да го заврши она што го замислил. Во последната епизода исто така се појавуваат и актери кои не беа ангажирани во третата сезона како што се Ајлин, малиот Осман и ред други.

Вечерва во 22:00 часот или веднаш по „Карадај“ не пропуштајте ја последната епизода од „Бурни времиња“.

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Застани и запали се“, серија на Телма за компјутерската револуција

„Halt and Catch Fire“ е американска драмска телевизиска серија создадена од Кристофер Кантвел и Кристофер …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!