Почетна / Забава / Жито Велес прослави 25 години работа на пазарот

Жито Велес прослави 25 години работа на пазарот

 

Жито Велес, друштвото за производство, трговија и услуги одбележува дваесет и пет години работа на пазарот. Јубилејот, четврт век постоење ќе го означи со бројни активности а најавува и големо изненадување.

 

 

– „Да се започне бизнис со малопродажба во тогашни услови беше навистина храбар чекор, но развивањето на истиот во денешни услови и достигнување до бројка од 25 години работа на пазарот е нешто што подразбира внимателна стратегија за развој, посветеност, постојано редефинирање на услугите и секако инвентивност во привлекување на купувачи. Дваесет и пет години постоење и 32 маркети потврдуваат дека сме на вистинскиот пат, што се надевам дека ќе не однесе кон уште еден поголем јубилеј“, изјави Далибор Ѓошевски, генерален извршен директор.

Првиот Жито маркет е отворен во Велес а до денес Жито израсна во ланец од 32 дисконт маркети низ целата држава. Започнувајќи и продолжувајќи и денес како семеен бизнис, оваа компанија успехот го постигна преку специфичниот начин на работа, секогаш фокусирани врз потрошувачот. Покрај тоа се издвојуваат и со развојот на сопствен бренд „Жито“ што го оценуваат како неопходен чекор во работата со малопродажен ланец.

Малопродажниот синџир Жито Маркети е добитник на бројни признанија меѓу кои за најдобар трговски објект во категоријата на супермаркети, признание дадено врз основа на брзото проширување и компаниските вредности, услужливост и достапност.

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт „Поврзување” во Филхармонија под диригенство на Чадловска

„Поврзување” е насловен концертот на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи овој четврток, 14 март …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!