Почетна / Живот / Љубовната опера „Дидо и Енеј“ првпат доаѓа во Македонија

Љубовната опера „Дидо и Енеј“ првпат доаѓа во Македонија

За првпат во Македонија, на 20 септември (петок) во Камерната сала на Филхармонија, ќе биде изведена најпознатата опера од Хенри Персл – „Дидо и Енеј“. Станува збор за автентична, концертна изведба на љубовната приказна преточена во опера на најголемиот британски барокен композитор, е во организација на Уметничкиот центар „ПОЛИФОНИЈА“.

Во премиерната изведба учествуваат оперските ѕвезди: македонскиот баритон Васил Гарванлиев како Енеј, кој кариерата успешно ја гради на меѓународните сцени, канадската оперска дива, сопранот Криста де Силва како Дидо, која исто така првпат гостува на македонската сцена, а моментно пее во престижните оперски куќи на Едмонтон и Монтреал, потоа еден од најбараните барокни ансамбли – „Г.А.П.“ од Германија, како и ансамблот „ИН МЕДИАС РЕС“ на „Полифонија“.

Хенри Персл (1658-1695) е најзначајниот композитор кој Англија некогаш го имала. Неговата прекрасна опера „Дидо и Енеј“ зборува за несреќната љубов помеѓу кралицата Дидона и принцот Енеј. Оваа трагична љубовна опера во која има судбински пресврти и мистични ликови, е преполна со прекрасни арии кои го одземаат здивот. Емотивна е, но и необично убава облагородена со мелодиката на англискиот фолклор.
Проектот е поддржан од Министерството за култура на РСМ и е во соработка со Институтот Гете во Скопје, како и со Канадскиот музички центар во Скопје.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Хорор во хотелот „Европа”, некогашната гордост на Отешево

Ова е кратко видео сведоштво за една типична негрижа од македонското општество кон нешто вредно …