Почетна / Сапуници / Нарко драмата за Пабло Ескобар од понеделник се враќа на Телма

Нарко драмата за Пабло Ескобар од понеделник се враќа на Телма

 

Продолжува крими драмата за господарот на злото

 

Од понеделник во прајмтајм на Телма се враќа “Ескобар”, серија која го прати животот на господарот на злото и кралот на дрогата –  творец на меѓународниот систем за дистрибуција на кокаин и најголемиот водич на колумбиски нарко картел. Се работи за колумбиска серија, снимена во 2012 година, а првите епизоди на Телма беа емитувани во октомври.

 

 

Серијата ја осмислиле и продуцирале Камило Кано и Хуана Урибе. Камило Кано е син на Гиљемо Кано, убиен од Ескобар во 1986 година, а Хуана Урибе е заменик директор на колумбиската тв куќа Каракол чија ќерка исто така била киднапирана и убиена од Пабло Ескобар во 1989 година. Серијата има добиено многу награди на Premios India Catalina, Premios Clic Caracol, Premio Momento и Premios TV Adicto Golden Awards.

 

 

Во улогата на најголемиот нарко дилер на светот ќе го гледаме Андрес Пара, а негова партнерка во серијата е Енџи Цепеда, позната за македонската публика по главните улоги во “Фиорела” и “Луз Марија”. Насловната нумера “La última bala” ја изведува Yuri Buenaventura.

 


 

Пабло Ескобар е роден во колумбиското село Медалин како син на фармер и учителка. Од мал станал ситен криминалец и крадец, но брзо напредувал до разнесување и криумчарење на дрога. На 32 години станал мултимилијардер и заработувал по пола милион долари дневно од шверц на дрога.

Идол му бил Ал Капоне, а љубовта кон младите девојки ја крунисал на крајот со брак со млада девојка и покрај противењето на нејзниот брат Фабио. Приказната за неговиот живот, односот со мајка му и деловните партнери, борбите меѓу картелите е сето она што ги очекува гледачите на Телма во новите епизоди во 20.20 часот.

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Конечно се открива вистината во „Мојот вујко“ на Сител

По долгото топло лето, време е да се открие она што гледачите долго го чекаа. …