Почетна / Сапуници / Сител ги разочара гледачите на „Бруско“ – без најава се укинува серијата
Крај за "Бруско" на Сител? Гледачите останаа без омилената утринска доза на поинаква и квалитетна драма

Сител ги разочара гледачите на „Бруско“ – без најава се укинува серијата

Од понеделник, 2 ноември 2020 година, промена во програмската шема на телевизија Сител. Наместо странски титлувани серии во утринскиот термин од 10 часот, телевизија Сител започнува со емитување на домашната емисија “Магазин”.

По најавите кои се емитуваат на оваа фреквенција, очигледно е дека новата емисија нема да понуди ништо поинакво од истиот тип на емисии кои оделе во минатото или кои одат на другите приватни национални телевизии во моментов. За разлика од сите други национални телевизии, терминот од 10 часот на Сител стана препознатлив за странски теленовели и сапуници кои се разликуваа од сите останати серии на Сител и другите телевизии.

Сега од понеделник 2 ноември, нема повеќе серии во тој термин. По емитувани 125 продолженија, Сител телевизија изненадно ја укинува серијата од земјата на Боговите и егзотичните острови, која понуди сосема поинаков концепт на драматичност, локации и продукција од другите серии од тој жанр. Гледачите на грчката серија “Бруско” останаа без својата дневна доза на интриги, љубов и местенки меѓу двете грчки фамилии.

Турски надсинхронизирани серии и емисии во сопствено производство – остана понудата на македонските телевизии. Дали квалитетниот избор на странски емисии и странски серии и новели станува минато за македонските гледачи? Дали телевизиите одбраа ист калап на програма наместо да се понуди нешто поразлично за што секогаш се наоѓа публика?

Веруваме дека постои група на гледачи кои со задоволство одбираа квалитетна програма од светски продукции наместо сегашната понуда. Затоа, сметаме дека телевизија Сител не треба да ги разочара таквите гледачи и дека треба задолжително да ја зачува серијата “Бруско” во својата програма.

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Која е свекрвата од Сителовата драма за „Девојката од прозорецот” ?

Ова е Гулџихан, свекрвата на Девојката со која се дружиме од понеделник до петок навечер …

error: Содржината е заштитена!