Почетна / Серии / Нова трилер серија „Следбеници“ на Телма телевизија во 23:00 часот

Нова трилер серија „Следбеници“ на Телма телевизија во 23:00 часот

 

“The Following” на Телма телевизија од понеделник до петок

 

Од утре на Телма телевизија, со почетокот на новата програмска шема, започнува и нова американска серија. Се работи за трилерот “Следбеници” која е во продукција на Outerbanks Entertainment and Warner Bros. Television, а во САД е емитувана во 3 сезони и вкупно 45 епизоди на FOX. Во главните улоги ќе ги гледаме Kevin Bacon и James Purefo.

 

 

Содржина :

Брилијаниот и харизматичен професор Џо Карол, опседнат со делата на Едгар Алан По, станува еден од најопасните и најбарани сериски убијци од ФБИ. Тој го следи мислењето на По, односно верува дека смртта е највисокото ниво на уметноста и дека неговите убиства се всуштонст уметнички ремек дела. Во последниот обид за убиство, тој се покажува како невнимателен и е уапсен од агент кој го посветил својот живот на случајот.

 

 

Пензионираниот федерален агент Рајан Харди, човекот кој го уапси Карол и ја спаси неговата последна жртва, е повикан повторно да работи со ФБИ како консултант. Карол е побегнат од затвор, а се појавени низа фанатици кои веруваат во филозофијата на главниот сериски убиец и ги следат неговите чекори. Со надеж дека неговото лично искуство и врската со Карол ќе им помогне да го најдат, Харди се вклучува во играта на интриги, измами и акција.

 

Дани | ТВ Пакет

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По успехот во Македонија, „Преспав“ ќе се емитува и во Бугарија

Најпопуларната македонска телевизиска серија започнува да реди нови успеси. По одличната прифатливост од страна на …