Почетна / Серии / Следна реприза на Телма во 19.15 часот – британската „Мускетарите“

Следна реприза на Телма во 19.15 часот – британската „Мускетарите“

 

Серијата за тројцата мускетари повторно на Телма

 

“Мускетарите” е британска историска серија која од понеделник повторно ќе се емитува на Телма, и тоа во 19.15 часот. Во продукција на BBC, серијата е базирана на романот “Тројцата мускетари” на Алехандро Дима. Oд “Мускетарите” досега се снимени 2 сезони, а во текот на годинава ќе се снима и трета сезона. Во продолжение ве потсетуваме на добропознатата приказна за тројцата, односно четворицата мускетари :

 

 

Младиот Д’ Артањан и тројцата француски елитни воини се борат низ Европа за да ги спасат кралот и татковината од заговорот што го предводат атентаторката Миледи и војводата од Бакингем.
Импулсивниот и млад Д’ Артањан ги здружува силите со тројцата одметнати мускетар кои се познати како Портос, Атос и Арамис, тројцата елитни воини, кои му служат на кралот на Франција. Откако откриваат завера за симнување на кралот од власт, тројцата мускетари сретнуваат еден млад херој Дартањан и го земаат под своја закрила.

 

 

Тие четворица заедно тргнуваат на опасна мисија да ја осуетат заверата која не само што му се заканува на кралството туку и на иднината на самата Европа. Тие мора да го спречат злобниот Ришелје и да се соочат со Бакингем и опасната Миледи. Нивното мото е – Еден за сите, сите за еден.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мексиканската биографска драма за „Рубироса“ саботно на Телма

Секоја сабота во 20 часот на Телма телевизија се емитува мексиканската биографска серија “Рубироса”, снимена …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!