Почетна / Серии / По МТВ 1, сега и 1 ТВ ќе ја емитува скандинавската серија „Мост“

По МТВ 1, сега и 1 ТВ ќе ја емитува скандинавската серија „Мост“

 

“Bron”/”Broen” – скандинавска хит серија репризно на 1 ТВ

 

Многумина ја нарекуваат “кралица на трилер сериите од Скандинавските земји”. “Мост” е популарна крими серија која со голем успех се емитуваше во матичната земја, а пред неколку месеци имавме можност да ја следиме и на Македонската телевизија. Во меѓувреме, 1 ТВ ја најавува истата серија како прва играна странска серија која ќе се емитува на нивната фреквенција секој работен ден.

 

 

Oд оваа серија во данско-шведска продукција со снимени 4 сезони и вкупно 38 продолженија. Во главните улоги ги гледаме скандинавските актерски имиња како Рафаел Петерсон, Софија Хелин, Даг Малмберг, Ким Бодниа, Пук Шарбау. Во продолжение потсетете се на содржината на овој трилер :

 

 

Едно женско тело е откриено на мост, кој ја означува границата помеѓу Шведска и Данска, а за детективите претставува најкомплициран случај. Ова е само почеток на планот на убиецот кој себеси се нарекува терорист на вистината, и сака на властите да им ги отвори очите.

 

 

Шведската и данската полиција заеднички го решаваат случајот. Текот на истрагата покажува дека се работи не само за едно, туку за две убиства. Полицајците од двете земји очајнички се обидуваат да го пронајдат убиецот кој ги преминува сите граници на злодела за да ја пренесе својата порака. Кога сè ќе се заврши, животот на ликовите веќе нема да биде ист.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Премиерни епизоди од ситкомот „Мамини синови“ на ТВ 24

Српската верзија на “Mother and son” на телевизија 24, со нови и досега неприкажани епизоди …

Leave a Reply