Почетна / Сапуници / Инфо | Последната сезона на „Црната роза“ од понеделник на Сител

Инфо | Последната сезона на „Црната роза“ од понеделник на Сител

 

Нова сезона од најгледаната програма за оваа година

 

Развојот на настаните и интригите во минатата сезона на турската драма “Црната роза” многу од гледачите ги оставија без здив, но обожавателите на оваа играна серија од понеделник ќе имаат можност да дознаат како нивните ликови ќе успеат да се соочат со најголемите вистини и тајни кои ќе ги променат животите на сите.

 

 

Црната роза ни претстави приказна за една жена, приказна за Ебру чиј живот се смени откако дозна дека нејзиниот сопруг исчезна во водите на реката Еуфрат. Дојде во местото каде се случила несреќата, но таму… ја чекаше големо изненадување. Нејзиниот сопруг имал двоен живот. Тој таму живеел во конзервативна средина во која се уште владеат закоравени обичаи и сурова борба за правда, средина во која Ебру ќе се сретне со злобниот девер Кендал и останатите членови на семејството кои не и посакаа срдечно добредојде на нашата хероина.

 

 

Во светот на лагите и сплетките, таа останува сама со своите ќерки и со болката кон нејзиното дете кое одамна го изгубила. Но, сега време е вистината да излезе на виделина. Во најновите случувања од оваа серија, Ебру ќе ја дознае шокантната вистина – Баран е нејзиниот биолошки син. Како ќе биде прифатена вистината што се криеше толку време? Што уште кријат од неа останатите жители на конакот? Ќе ја дознае ли и Баран конечно вистината за неговата мајка?

 

 

Во новата и последна сезона на Сител, продолжува судирот меѓу Кендал и Кенан, а Мелек ќе превземе драстични мерки со кои ќе се спротистави на судбината. Oд понеделник на Сител стартува последната сезона на оваа турска успешница.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од продукцијата на „Клон“ доаѓа нов спектакл на Сител

Пред помалку од 20 години имавме несекојдневна прилика да бидеме сведоци на серија која со …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!