Почетна / Забава / Оливер Драгојевиќ и Џибони заедно на концерт во Скопје

Оливер Драгојевиќ и Џибони заедно на концерт во Скопје

 

Романтика на 4 март, Арена “Борис Трајкосвки”

 

Заокружете го 4 март, зашто во Скопје токму на тој ден ни доаѓаат две легенди, две огромни музички имиња од просторите на поранешна Југославија – на 4 март прв пат во Скопје заеднички концерт ќе имаат Оливер Драгојевиќ и Златан Стипишиќ – Џибони! Заедничкиот, неколкучасовен музички спектакл е закажан во ВИП Арената Борис Трајковски, а билетите за истиот во продажба ќе бидат пуштени од 20 јануари.

 

Концертот е во организација на Гуливер Милс.

Двајцата великани на хрватската музичка сцена во Скопје доаѓаат во склоп на турнејата во чии рамки ја претставуваат својата “Фамилија”, односно заедничкиот материјал снимен и инспириран од нивни животни приказни и случки.

 

 

“Фотографијата за омотот на албумот ја направи синот на Оливер, Давор, додека, пак, дизајнот е на мојата ќерка Тања. Насловната фотографија е од 80-тите години, а на неа се наоѓа семејството Драгојевиќ. Сите се прашуваат каде сум јас на неа, а јас им одговарам дека можам да бидам само мајмун на таа фотка”, изјави Џибони по промоцијата на материјалот, кој речиси во сите поголеми градови во Хрватска веќе имаше и концертна промоција.

 


 

Освен темите од новиот материјал Драгојевиќ и Џибони пред домашната публика ќе ги отсвират своите најголеми хитови, а, се разбира, дека се подготвуваат и неколку изненадувања. Бидете сигурни дека Драгојевиќ и Џибони подготвуваат огномент од емоции.

Не за заборавајте – 4 март, ВИП Арена Борис Трајковски, во иста вечер, на иста сцена – Оливер Драгојевиќ и Џибони.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На овие места може да набавите влезници за концертот на Ерос

Резервирајте ги вашите омилени места во А1 Арената и спремете се за одлично италијанско шоу …